Одделот за естетска хирургија постои од пред околу 15 години. Во последниве 8 години со него раководи Д-р.сци. д-р. Смиља Туџарова – Ѓоргова. Низ бројки тоа значи, повеке од двесте естетски операции годишно, од кои најголем дел отпаѓаат на ринопластики, блефаропластики, зголемување на гради со имплантати, корекција на уши, редукција на масното ткиво, феис –лифтинг и др.
Овој оддел ги следи новите трендови во естетскатат хирургија како и минимално инвазивните естетски корекции како на пример разубавување на средната третина на лицето во локална анестезија. Бројот на пациентите на нашата Клиника е во постојан пораст, како од Македонија така и од странство.
Значајно е дека во летните и зимските месеци како и за време на празниците, бројот на операциите се зголемува. Во насока на збогатување на услугите, интензивно се работи на воведување на нови методи како на пр. трансплантација на коса, ултрасонографски и ласерска липосукција – Smart- Lipo, ласерски третман на лузни, кислородно подмладување на кожата и сл.