Хипербарната кислородна терапија (ХКТ) подразбира употреба на 100% кислород под зголемен притисок од повеќе атмосфери (бари) за медицинско – терапевтски цели. Употребата на ХКТ е насочена во третман на многу состојби, а се базира на неколку терапевстки принципи:
- Третман на декомпресиона болест кај нуркачи и пилоти и при појава на воздушна емболија,
- Во состојби каде е потребно да се зголеми парцијалниот притисок на кислородот во крвта, а со тоа и во телесните ткива. Тоа се постигнува со самото дишење на чист килород под притисок,
- Со зголемување на процентот на кислород што е вдишан, се менува и кривата на сатурација на хемоглобинот во крвта и истиот ослободува многу слободен кислород во плазмата. На тој начин, кислородот слободно дифузира во ткивата и тоа во многу повисоки вредности и во случаи на намалени вредности на хемоглобин (состојба на анемија).
Со зголемување на процентот на кислород во ткивата, се забрзува метаболизмот на ткивата и нутритивната измена, што има краен ефект побрзо заздравување на раните. Ова особено се однесува за разни инфекции, дијабетесни состојби и рани со анаеробни бактерии, каде и покрај тесните крвни садови (како последица на шеќерната болест), големи количини на слободен кислород доаѓаат до местото на инфекцијата и ги убива анаеробните бактерии.
- ХКТ се користи во следниве патолошки состојби:
- Воздушна и дас емболија
- Тровање со јаглерод моноксид
- Клостридијален миозит и мионекроза (Гас гангрена)
- Декомпресиона болест
- Забрзување на заздравувањето кај раните, посебно при загадени, инфицирани рани, рани од гризнување, рани кај болни од дијабетес, дијабетични стапала и сл.
- Тешка анемија
- Некротизирачки мекоткивни инфекции (некротизирачки фасциит)
- Остеомиелит (инфекција на коски)
- Радијациони повреди
- Термални изгореници
- При оперативни процедури со резени и кожни трансплантати и др.
Во поново време оваа терапија се користи и за прочистување на крвните садови од атеросклеротични плаки, како и за подмладување на кожата.
ХКТ се спроведува во хипербарна комора. Тоа е херметички затворена метална соба, во која притисокот се зголемува до 6 атмосфери. Внатре, на пациентите им се даваат кислородни маски преку кои тие вдишуваат високо - процентен кислород. Лекарот одредува колку процедури (т.н. нуркања) ви се потребни, колку би траела една од нив и колкав би бил процентот на вдишан кислород, зависно од индикацијата односно болеста која се лекува . Во нашата баро комора може истовремено да се третираат околу 20 пациенти. Процедурата е безболна. За некои состојби се потребни и до 40 нуркања. Постојат апсолутни и релативни контраикдикации за употреба на ХКТ. Како и било која интервенција, и овде, можни се компликации од која најопасна е руптура (пукање) на ушното тапанче.
1) Сигурни индикации (прифатени состојби, апсолутни индикации):
- Дијабетички исхемиски улкуси, улкуси при венска стаза, декубитални улкуси, улкуси при артериска инсуфициенција
- Анемии
- Гасна гангрена
- Инфекции со анаероби или мешани инфекции
- Некротизирачки инфекции на меки ткива
- Некротизирачки фасциит, неклостридијални мионекрози
- Радијациони некрози
- Незараснувачки рани од разна етиологија
- Остеомиелитис
- Анаеробни инфекции отпорни на антибиотици, Актиномикоза
- Кожни трансплантати (графтови)
- Микроваскуларни слободни резени
- Каснувања од животни и поедини врсти на пајаци
- Акутна гасна емболија
- Труење со јаглен – моноксид, инхалација на дим, труење со цијанид
- Краш – повреди, компартмент синдром, други акутни трауматски исхемии
- Декомпресиска (кесонска) болест
2) Препорачани состојби (каде ХБОТ е корисна како адјувантна терапија, релативни индикации)
- Труење со карбон – тетрахлор
- Труење водороден – сулфид
- Цереброваскуларен тромботичен или емболиски инфаркт
- Церебрален едем
- Резистентни микози: Mucormycosis, Canibolus Coronato, Aspergillosis - Pyoderma Gangrenosum
- Заздравување на фрактури и коскени графтови
- Акутна инсуфициенција на централна артерија на ретина
- Криза кај српеста анемија
- Акутна повреда на рбетен мозок
- Баротраума на средно уво и синус
- Транзиторна миопија
- Влошување на кардиомиопатија
- Белодробна баротраума
- Конвулзии
Останати контраиндикации: операција на слушно тапанче, операција на граден кош, вирусни инфекции, висока телесна температура, катаракта, конгенитална сфероцитоза, клаустрофобија, синдром на панични атаки, употреба на некои лекови како доксорубицин, цисплатин и дисулфирам.