Клиника за пластична и реконструктивна хирургија

Клиниката за Хируршки болести е основана и започнала со работа на 17 март 1947 година.
 
Одделот за Пластична и реконструктивна хирургија е основан неколку години подоцна. Во тој период, одделот располагал со 1 амбуланта и 1 итна мала сала која што ја користеле сите хируршки гранки, 6 болнички соби со вкупно 18 болнички кревети. 1962 год. за раководител на одделот е назначен прим. д-р Андреја Мишковски.
 
Во 1964 год. на клиниката пристигнува и првата жена иден пластичен хирург, проф. д-р Даница Мирчевска. Двајцата колеги ја организирале стручната и наставната дејност на Клиниката. Од 1971 год. до денес на Клиниката за Пластична и реконструктивна хирургија се вработени: 1971 год. д-р Ласте Бошковски, 1972 год. прим. д-р Лилјана Гоговска-Дамеска, 1975 год. д-р Мирјана Иванова-Мишковска, 1983 год. проф. д-р Ѓорге Џокиќ, 1985 год. д-р Огнен Даскалов ( од 2006 год. приватен пластичен хирург), 1990 год. Д-р сци. мед. Смиља Туџарова-Ѓоргова, 1994 год.М-р. сци д-р Елизабета Жоговска, 1996 год. асс. д-р Боро Џонов, 1997 год. М-р. сци д-р Илија Мостров, 2000 год. прим. д-р Лазо Новески, 2001 год. д-р Јасмина Јовчевска , асс. д-р Маргарита Пенева, асс. д-р Виктор Тренчев, 2002 год. асс. д-р Андријана Нацеска, 2004 год. асс. д-р Артан Дика, 2006 год. асс. д-р Игор Пеев, 2007 год. асс. д-р Софија Пејкова.
 
Денес, Клиниката за Пластична и реконструктивна хирургија располага со 2 амбуланти, 2 асептични сали, оперативен блок кој го сочинуваат 2 оперативни сали. Клиниката располага со 9 болнички соби со вкупно 34 болнички кревети.
 
Првиот докторат од Клиниката е објавен 1979 год. “Хируршко лекување и проблеми на реконструкција на краниум” од страна на проф. д-р Даница Мирчевска. Покасно се објавени докторатите на проф, д-р Ѓорѓе Џокиќ, 1999 год. “Реинервација на кожни трансплантати на екстремитети” и на Д-р сци. д-р Смиља Туџарова-Ѓоргова, 2008 год. “Предността на комбинираниот темпорален галеа лифтинг на веѓите и блефаропластика, во споредба со блефаропластика”, како и магистериумите на м-р. сци. д-р. Елизабета Мирчевска (1999год.), прим. д-р Лазе Новески (2006 год.), д-р. Илија Мостров (2005 год.), асс. д-р Боро Џонов (2006 год.).
 
Во периодот од формирањето на Клиниката, па се до денес, постигнати се значајни резултати во лекување на болните. Основите на естетската хирургија ги има поставено д-р. Андреа Мишковски. Значајно место завземаат поголемите стручни дострели на вработените: прва реплантација на нога ја има извршено Д-р. Андреа Мишковски со својот тим на просторите на поранешна Југославија. Понатамошните текови на микрохирургијата беа одбележани и со репланатација на прсти како и реплантација на подлактица, извршена од страна на д-р Ласте. Бошковски и д-р Љилјана Дамеска. Во 1998 год. е направена првата реконструкција на дојка со сопствено ткиво, ЛАТ - резен од грб , ТРАМП - резен од стомак, од страна на д-р Смиља Туџарова- Ѓоргова.
 
Денес на нашата Клиника се изведуваат многубројни оперативни зафати, од згрижување на повреди на екстремитети, бенигни и малигни тумори на кожа и меки ткива, решавање на вродени аномалии, дефекти како последица на повреди, долго лежење и претходни операции или други болести, како и се повеќе популарната естетка хирургија.
 
Развојот на Клиниката продолжува и понатаму во сите правци: кадровска екипираност, просторно проширување (сала и хипербарична комора), можност за дополнителна дејност, како и воведување на нови услуги и оперативни техники.